Екипата на Голден Стејт е првиот учесник во големото финале, откако во финалето во западната конференција со 4-0 го преслуша составот на Сан Антонио. „Воините“ четвртата како и третата победа ја забележаа на теренот од противникот. Овој пат гостите славеа со 129-115 за чекирање на финалниот билет.
Добриот поентерски старт на Голден Стејт му донесе предност од 12 поени по првата четвртина (31-19). Водството гостите го зачуваа до крајот на мечот победувајќи со 129-115. Најефикасни во победничкиот состав беа Стеф Кари со 36 поени и Кевин Дурант со 29 кошеви, додека кај домаќините 20 реализираше Андерсон.
Во финалето „воините“ ќе се сретнат со подобриот од дуелот помеѓу Кливленд – Бостон. Моментално минимално водство од 2-1 во победи има тимот на Кливленд.
OhridNews