Кошаркарите на Голден Стејт со победа 118-106 ја отворија серијата со Портланд во полуфиналето од Западната конференција.


„Воините“ се уште во составот го немаат Стеф Кари кој ја лекува повредата добиена на првиот меч од четвртфиналната серија со Хјустон.

Лидерската палка на Кари во актуелниот првак ја презеде Клеј Томпсон кој постигна вкупно 37 поени, а додаде уште четири скокови и шест асистенции.


Победи вредни пласман во полуфиналето од Источната конференција забележаа Мајами и Торонто во „мајсторката“ со Шарлот (106-73) односно Индијана (89-84).

Токму овие две екипи ги комплетираа учесниците во полуфиналињата од двете конференции.

Резултати: Голден Стејт – Портланд 118-106 (1-0), Мајами – Шарлот 106-73 (4-3), Торонто – Индијана 89-84 (4-3).

OhridNews