Воините од Голден Стејт го добија и третиот натпревар во финалната серија во НБА лигата, откако ноќеска славеа во Охајо над шампионот Кливленд со 118:113 и поодео во серијата прв до четири со 3:0.
Мечот беше решен во финишот кога Голден Стејт направи серија од 11:0 која го одлучи натпреварот. Предводник на воините беше Кевин Дурент кој мешот фо заврши со 31 поен, 8 скока и 4 асистенции. Одлична поддршка му беа Томпсон (30п.) и Кари кој уфрли 26 поени и имаше 13 скока и 8 асистенции.
Кај домаќините Леброн Џејмс имаше одново блескаво издание 39 поени, (11 скока, 9 асистенции), а Ирвинг уфрли 38 поени.
Слеедниот натпревар се игра исто така во Охајо. На Кливленд кој минатата година против стиот противник славеше откако се врати од негатива 1:3, сега ќе му треба вистинско чудо да ја одбрани титулата, дотолку повеќе што Голден Стејт во плеофот има неверојатна серија од 15:0.
OhridNews