Кошаркарите на Јута го изедначија резултатот (1-1) во полуфиналната серија со Хјустон на западот, откако славеа со 116-108 (36-28, 28-27, 22-30, 30-23) на теренот од противникот.

„Џезерите“ првиот триумф во серијата со Хјустон го обезбедија во последната четвртина. И во првите две Јута доминираше, но домаќините успеаја да во третата резултатски да се вратат во игра. Во решавачкиот квартал Јута покажа повеќе квалитет го запре разиграниот Харден и запиша прва победа.

Најпрецизен со маестрален шут од игра во тимот на Јута беше Џо Инглс со 27 поени, а по 17 постигнаа Донован Мичел и Алек Буркс. Кај „ракетите“ најефикасен беше Харден со 32 кошеви.

OhridNews