Кошаркарите на Чикаго Булс и Лос Анџелес Клиперс со победи на гостински терен над Кливленд (99-92) односно Хјустон (117-101) стартуваа во втората фаза од плејофот во НБА лигата.
„Биковите“ предноста стекната во првата четвртина (27-15) успеаја да ја задржат низ трите други четвртини и да ја забележат првата победа.
Далеку понеизвесен натпревар одиграа „рекетите“ и „клиперси“. Гостите со пресврт во вториот дел ги спуштија домашните кошаркари кои имаат страшен налет во првиот дел.
Резултати : Кливленд – Чикаго 92-99 (0-1), Хјустон – ЛА Клиперс 101-117 (0-1).
Мх.П.