Оклахома поведе со 2-1 во финалето на Западот победувајќи во убедливо составот на Голден Стејт со 133-105 во првиот меч на домашен терен инаку трет во финалната серија.
„Громовите“ одиграа мотивирано и дрско против „воините“ кои на моменти делуваа конфузно од атмосферата во „Енерџи арената“ во Оукленд.
Домаќините во првото полувреме постигнаа 72 поени, а само во третата четвртина реализираа 45 што доволно говори за нивната огромна желба за победа.
Кевин Дурант со 33 кошеви и Расел Вестбрук со 30 поени го имаа главниот збор во нападот, а двофифрен учинок имаа уште Ибака (14), Роберсон (13), Валтерс (13) и Кантер (10).
Стеф Кари кој вториот дел речиси и да го преседа на клупата постигна вкупнп 24 поени и беше најпрецизен во својот состав.
И четвртиот натпревар од финалната серија се игра во Оукленд, по кој можат некој работи да станат појасни.
OhridNews