Кошаркарите на Оклахома обезбедија пласман во втората фаза од елиминациската етапа во НБА лигата победувајќи го Далас во пет натпревари (4-1).
„Громовите“ до четвртиот триумф во петтиот меѓусебен дуел со „телињата“ стигнаа со резултат 118-104. Оклахома доби три од четирите четвртини што им го трасираше патот во следната рунда.
Оклахома во полуфиналето на Западната конференција ќе се сретне со тимот на Сан Антонио.
Резултати: Шарлот – Мајами 89-85 (2-2), Оклахома – Далас 118-104 (4-1), Портланд – ЛА Клиперс 98-84 (2-2).
OhridNews