Кошаркарите на Атланта Хоукс пред своите гледачи го совладаа составот на Оклахома со 103-93 и ја забележаа 15-та победа во серија.


Перо Антиќ и неговите соиграчи продолжуваат со неверојатни игри и одлични резултати бидејќи во последните 31 меч имаат остварено дури 29 победи.

На дуелот со „громовите“ Антиќ постигна осум поени, а додаде уште четири скока и две асистенции.


Шанса за 16-та победа во низа „јастребите“ имаат против Минесота, која треба да биде лесен залак за лидерот во Источната конференција.

Мх.П.