Оклахома го совлада Сакраменто и со поразот на Сан Антонио од Голден
Стејт и дефинитивно го освои првото место во Западната конференција во
НБА лигата.

Кевин Дурент (29 поени, 8 асистенции, 7 скокови) и Расел Вестбрук (21
поен, 8 скокови, 5 асистенции) ја предводеа Оклахома до победата над
Сакраменто со 104:95.

Сан Антонио, чиј тренер Грег Попович ги одмора најдобрите играчи загуби
во Оукленд од Голден Стејт со 106:116. Стефон Кари со 35 поени, осум
скокови и пет асистенции го предводеше тимот до победата. Спарси играа
без Паркер, Данкан и Леонард, најдобар во тимот беше Гери Нил со 25
поени.

Мајами во неизвесен натпревар забележа победа во Кливленд 96:95 – Норис
Кол го предводеше Мајами до победата со 16 поени, 11 скокови и девет
асистенции. Мајами на овој меч играше без своите најдобри играчи Џејмс,
Вејд и Бош.

Најлошиот тим во лигата Шарлот го совлада Њујорк со 106:96, во победата
се истакна Кемба Вокер со 23 поени и 13 асистенции, во отсуство на
Ентони и Смит, најефикасен кај Никси беше Крис Копленд со 32 поени.

Јута со победата над Минесота од 96:80 го сочува шансите за освојување
на осмата позиција на западот и пласман во плеј офот. Најзаслужен за
победата на Јута беше екс играчот на Минесота, Ал Џеферсон, кој имаше
учинок од 22 поени и осум скокови.

“Макфакс“