Кошаркарите на Оклахома поведоа со 3-2 во серијата со Сан Антонио во полуфиналето од Западот победувајќи ги на домашен терен „мамузите“ со 95-91.


„Громовите“ забележаа значајна победа во петтиот меч која широко им ги отвора вратите за пласман во финалето.

Шестиот меч од полуфиналната серија се игра на теренот од Оклахома кој ќе има „меч топка“ за финале на Западот.


Расел Вестбрук имаше фантастичен учинок од 35 поени додека Кеви Дурант застана на 23 кошеви.

Во редовите на Сан Антонио тројца кошаркари имаа учинок над 20 поени. Листата на стрелци ја предводеше Ленард со 26 поени, а после него беа Олдриџ и Грин со по 20 кошеви. 

OhridNews