Екипите на Хјустон и Кливленд со победите над Лос Анџелес Клиперс (115-109) односно Чикаго (106-91) го изедначија резултатот (1-1) во плејоф сериите во конференциските финалиња.
Претходно тоа го направија кошаркарите на Атланта и Мемфис и сите четири дуели во плејофот во втората фаза започнуваат со идентичен скор (1-1).
На следните два натпревари во плејоф дуелите ќе се сменат домаќините што ќе донесе дополнителни возбудувања.
Мх.П.