Кошаркарите на Хјустон им се придружија на кошаркарите на Голден Стејт во четвртфиналето во плејофот во НБА лигата, откако успешно го минаа составот на Оклахома во пет натпревари (4-1).


„Рекетите“ во петтиот натпревар ја искористија првата меч топка и победувајќи ја Оклахома пред своите гледачи со 105-99 обезбедија пласман понатаму.


Противник на Хјустон во 1/4 финалето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Сан Антонио – Мемфис. „Мамузите“ со триумфот на домашен терен (116-103) поведоа со 3-2 и на гостинските терен ќе имаат меч топка односно шанса за пласман меѓу осумте најдобри.


Резултати: Хјустон – Оклахома 105-99 (4-1), Сан Антонио – Мемфис 116-103 (3-2), ЛА Клиперс – Јута 92-96 (2-3).

OhridNews