Кошаркарите на Хјустон обезбедија пласман во финалето во западната конференција совладувајќи го Лос Анџелес Клиперс во серијата со 4-3.
Хјустон се наоѓаше пред елиминација по третиот пораз во четвртиот натпревар, но тие спасија три меч топки и во седмиот меч со „клиперси“ одлучуваа за патникот во финалето.
„Ракетите“ во мајсторката пред своите гледачи одиграа маестрален натпревар без ниту една грешка го совладаа противникот со 113-100 и по пауза од 18 години ќе се борат за влез во големото финале во НБА лигата.
Таму ги чека најдобриот тим во лигата Голден Стејт, кој со 4-2 го елиминираше Мемфис додека во источната конференција ќе се сретнат Атланта и Кливленд.
Мх.П.