По вицепрвакот Голден Стејт кој го доведе Кевин Дурант и новиот шампион во НБА лигата, Кливленд ќе составува тим од соништата за следната сезона. Голема желба на првата виолина во екипата Леброн Џејмс е некогашниот соиграч од Мајами, Двејн Вејд кој е слободен агент.
„Жешките“ на Вејд му понудија нов двегодишен договор вреден 40 милиони евра за кој се уште се нема изјаснато.
Леброн Џејмс е подготвен да прифати намалување на платата само неговиот клуб да го доведе Вејд со кој заедно освојуваа титули во Мајами.
Вејд и Џејмс заедно со Крис Бош го сочинуваа триото кошаркари кои на Мајами му донесе две титули.
OhridNews