Често сме навикнати на вонсериски потези и поени од Стеф Кари. Но овој пат кошаркарот на Голден Стејт прописно се посрамоти после двете епски промашувања на мечот со Лос Анџелес Лејкерс. Кари, прво не реализираше од чиста позиција, а во вториот обид за три поени го промаши целиот обрач.

Промашувањата на Кари брзо ќе се заборават, бидејќи неговиот состав со 130-111 славеше против „езерџиите“. Но сигурно ќе има место во изборот на најсмешните моменти кои ги одбира легендарниот Шекил О`нил.

OhridNews