Екипата на Индијана Пејсерс е вториот финалист во НБА лигата. Пејсерс во шестиот натпревар што се одигра ноќеска ги совладаа Никс 125:108 и со вкупен резултат од 4:2 се пласираа во големото финале.
Сиакам постигна 31 поен, а Халибартон уфрли 11 од неговите 21 поен во четвртата четвртина, носејќи ги Пејсерси до победа над Њујорк Никс и нивно прво патување во финалето на НБА од 2000 година.
Ова е само втор пат во историјата на франшизата Индијана да игра за шампионската титула.
Серијата започнува во четврток во Оклахома Сити.
Г.М.