Екипата на Кливленд изедначи (1-1) во серијата со Индијана победувајќи со 100-97 во вториот натпревар на домашен терен во серијата подобар до четири победи.

„Коњаницата“ до прв триумф во дуелот со Индијана ја предводеше најдобриот играч Леброн Џејмс кој постигна 46 поени. На маестралниот поентерски учинок Џејмс додаде 12 скокови и 5 асистенции. Кај „пејсерси“ најрасположен за игра беше Оладипо кој реализираше 22 поени.

 

До егал во првата фаза од плејофот во НБА дојде и Јута која со 102-95 ја совлада екипата на Оклахома, додека Хјустон максимално го искористи домашниот терен победувајќи ја Минесота и во вториот меч (102-82) за водство 2-0.

Резултати: Кливленд – Индијана 100-97 (1-1), Оклахома – Јута 95-102 (1-1), Хјустон – Минесота 102-82 (2-0).

OhridNews