Кошаркарите на Кливленд се наоѓаат на победа од големото финале во НБА лигата, откако во четвртиот натпревар од серијата со Бостон го забележаа третиот триумф победувајќи 112-99.
После поразот во третиот меч, Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс ги презедоа работите во свои раце и одиграа маестрален натпревар во кој заедно постигнаа 76 поени. „Детелините“ пружија отпор во првата четвртина, но потоа немаа одговор за расположениот тандем кој имаше поддршка и од Кевин Лав кој уфрли 17 поен.
Петтиот меч во финалето на истокот се игра на теренот од Бостон, а прв учесник во големото финале е тимот на Голден Стејт кој со 4-0 го преслуша тимот на Сан Антонио.
OhridNews