Дуото на Кливленд, Леброн Џејмс и Кајри му ги расипаа шампионските планови на Голден Стејт одигрувајќи фантастичен натпревар за победа (112-97) во петтиот чин од финалето во НБА лигата и намалија на 3-2.
„Воините“ и навивачите беа подготвени за ново второ по ред шампионско славје во НБА, но очигледно Џејмс и Ирвинг имаа други планови.
И двајцата кошаркари постигнаа по 41 поен што е рекорд во еден финален меч, а Голден Стејт немаше одговор за нивната раскошна игра.
Во домашниот табор Клеј Томпсон пружи одлична партија постигнувајќи 37 кошеви, а Стеф Кари реализираше 25 поени.
Шестиот натпревар од финалната серија се игра во петок сабајле во Кливленд.
OhridNews