Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговите соиграчи од Атланта обезбедија место во клубската историја забележувајќи најмногу победи во една сезона (58) откако го совладаа Феникс со 96-69.


Досегашниот рекорд на „јастребите“ беше 57 победи во сезоните 1986/87 и 1993/94, но екипата од Џорџија од сега има нови „херои“.

Антиќ во историската победа постигна седум поени за 12 минути минати на паркетот, а додаде уште пет скокови и една асистенција.


Мх.П.