Кошаркарите на Атланта изборија историски пласман во финалето од Источната конференција победувајќи го Вашингтон во полуфиналната серија со (4-2).
„Јастребите“ во едно конференциско финале се најдоа по пауза од 45 години или откако НБА лигата е поделена на две конференции.
Во шестиот натпревар Атланта како гостин успеа да ја забележи одлучувачката четврта победа (94:91) и да закажи дуел со Кливленд во финалето, кој ден претходно го елиминираше Чикаго.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра само пет минути во кои не успеа да постигне поени туку да собери три топки под кошот од противникот.
„Јастребите“ во регуларниот дел од сезоната три пати го совладаа Кливленд со Леброн Џејмс во составот, а финалната серија ќе почнат како домаќини.
Резултати : Вашингтон – Атланта 91-94 (2-4), Мемфис – Голден Стејт 95-108 (2-4).
Мх.П.