Кошаркарите на Торонто се изборија за пласман во финалето на источната конференција откако во одлучувачкиот седми меч 116-89 го совладаа тимот на Мајами.


Во финалето на Истокот ги чека екипата на Кливленд предводена од Леброн Џејмс која претходно го елиминираше составот на Атланта.

По изедначените три четвртини „рептилите“ дури во последната успеаја да го скршат отпорот на „жешките“ кои не го издржаа налетот на домаќините.

Разликата во корист на Торонто во последниот квартал се зголемуваше од минута во минута за конечни 116-89.


Учеството во финалето на Истокот е прво за кошаркарите на клубот Торонот по оформувањето.

OhridNews