Силата и моќта на новиот шампион во источната конференција Атланта на своја кожа ја осети составот на Бруклин претрпувајќи убедлив пораз 131-99.


Покрај обезбедената пол позиција во плејофот „јастребите“ продолжија со блескавите игри сезонава и не се одлучија да тактизираат.

И нашиот Перо Антиќ беше дел од убедливата победа постигнувајќи девет поени за 15 минути колку што мина на теренот.

Седум кошаркари во составот на Атланта имаа двоцифрен број на поени на крајот од мечот што говори за надмоќноста кон противникот.

Мх.П.