Кошаркарите на Атланта и Голден Стејт со победите (106-101) и (101-84) на терените од Вашингтон и Мемфис го изедначија резултатот 2-2 во полуфиналните серии во конференциите.


Двата најдобри состави во регуларниот дел од НБА лигата претрпеа пораз во третиот натпревар, но во четвртиот се консолидираа и го возвратија ударот.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше скор од седум поени, два скока и една аситенција за повеќе од 14 минути игра.

Најпрецизен во составот на „јастребите“ беше Џеф Тиг со 26 поени додека голема помош имаше од Ал Хорфорд (19п), Кајл Корвер (18п) и Шредер (14п).

Резултати : Вашингтон – Атланта 101-106 (2-2), Мемфис – Голден Стејт 84-101 (2-2).

Мх.П.