Кошаркарите на Атланта ја забележаа седмата победа во низа во НБА лигата откако ја совладаа Индијана со 108-92.
По нешто слабиот старт „јастребите“ влегоа во победничка серија, која ги однесе на врвот во источната конференција.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше скор од седум поени, два скока и по една блокада, асистенција и украдена топка за 17 минути игра на теренот.
Најзаслужен за победата беше Ал Хорфорд, кој постигна 25 кошеви и дополни со осум скокови.
Идентична серија како Атланта има и Кливленд предводен од Леброн Џејмс и Кајл Ирвинг.
Мх.П.