Кошаркарите на Атланта Хокс се пласираа во конференциското полуфинале, каде за противник ќе го имаат Кливленд, откако во шестиот натпревар од серијата со Бостон славеа со 104:92.
Атланта во целост го контролираше мечот во Бостон, на полувреме замина со предност од девет поени, а клучната разлика ја направи во третата четвртина која ја доби 36:29.
Уште еднаш Атланта со колективна игра стигна до триумф, Милсап постигна 17, Бејзмор и Хрофорд забележаа по 15, а Корвер 14 кошеви. Бостон го предводеше Ајзеа Томас со 25 поени и 10 асистенции.
OhridNews