Кошаркарите на Атланта ја продолжија одличната форма победувајќи ја Јута на гостински терен со 98-92.


Триумфот над „џезерите“ и двата порази во серија на Торонто ги лансираше „јастребите“ на врвот од источната конференција за прв пат оваа сезона.


Со одлука на тренерот македонскиот интернационалец Перо Антиќ остана на клупата и воопшто не настапи на натпреварот.

Мх.П.