Кошаркарите на Голден Стејт победувајќи ја Атланта со 102-92 стигнаа до јубилејната 50-та победа во НБА лигата сезонава.


Триумфот над „јастребите“ им донесе историски рекорд на „воините“, како екипа што најбргу стигнала до педесет победи.

На актуелните шампиони им беа потребни 55 натпревари да го подобрат рекордот на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајк Џордан.


Најпрецизен во победничкиот состав беше Стеф Кари со 36 поени, а по мечот тој изјави дека мора да останат фокусирани до крајот бидејќи ако не ја освојат титулата ова се ќе се заборави.

OhridNews