Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат на половина пат од титулата во НБА лигата, откако и во вториот меч беа подобри од Кливленд овој пат со 132-113.
„Воините“ и „коњаницата“ во првата четвртина постигнаа неверојатни 74 поени (40-34) со што наговестија ефикасен натпревар. Двете екипи продолжија во ист ритам и во вториот квартал кој заврши 27-30 во корист на гостите.
Третиот период како и на првиот меч се покажа пресуден. Домаќините се одлепија на двоцифрена разлика и во последните десет минути ја задржаа предноста за втора победа во серијата.
Кевин Дурант постигна 33 поени, но вистински лидер на домашните кошаркари беше Стеф Кари кој реализираше еден помалку, но имаше двоцифрен учинок на скокови и асистенции. Трипл дабл зад своето име запиша и Леброн Џејмс (30п, 14 ас, 11ск.), кој освен од Кевин Лав немаше од друг кошаркар поддршка.
OhridNews