Кошаркарите на Голден Стејт ја изедначија серијата во финалето на Западот (1-1) со триумфот над Оклахома 118-91 во вториот меч на домашен терен.


Поразот во првиот натпревар од финалната серија ги отрезна „воините“ кои одиграа перфектен меч за изедначување.

Домаќините доминираа и добивајќи ги сите четири периоди покажаа дека првиот натпревар бил само лоша спортска вечер.

Седум кошаркари во составот на Голден Стејт има двоцифрен учинок на поени, а очекувано ги предводеше Стеф Кари со 28 кошеви.

Кевин Дурант постигна 29 кошеви најмногу на мечот, но слаб учинок зад своето име имаше Расел Вестбрук кој реализираше само 16 поени.

OhridNews