Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалната серија во големото финале во НБА лигата, откако во првиот меч со 124-114 после дополнителни пет минути го совладаа составот на Кливленд.
Трагичар во првиот меч од финалната серија е играчот на Кливленд, Џеј Ер Смит кој во последните секунди од мечот при егал резултат место да го нападне кошот тој ја чуваше топката и истече времето за напад. „Воините“ во дополнителните пет сурово ја казнија грешката на Смит и стигнаа до почетно водство.
Леброн Џејмс имаше нов неверојатен натпревар постигнувајќи 51 поен, но попусто кога Смит го расипа неговиот скор. Кај „воините“ 29 кошеви реализираше Стеф Кари, а три помалку уфрли Кевин Дурант.
OhridNews