Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја спасија првата меч топка на Голден Стејт совладувајќи го актуелниот шампион на гостински терен со 129-121 во петтиот меч од серијата и намалија на 3-2.

„Воините“ во третиот натпревар на домашен терен втор пат претрпуваат пораз од „клиперси“ кои се решени да го измачат дрим тимот. Одлуката за победата падна во втората четвртина која гостите ја добија со 34-22. Во продолжението Голден Стејт не успеа да ја надополни негативата и ја пропушти првата шанса за заверка на пласман во 1/2 финалето.

Во ТОП 4 на западот без поголеми проблеми се најде Хјустон. „Ракетите“ во петтиот меч со Јута славеа со 100-93 и со 4-1 во серијата обезбедија пласман во полуфиналето на западот. Хјустон иако победи со седум поени разлика водството го контролираше од почетокот до крајот на мечот.

Резултати: Хјустон – Јута 100-93 (4-1), Голден Стејт – ЛА Клиперс 121-129 (3-2)

OhridNews