Најсилната кошаркарска лига во светот (НБА) ќе добие нов владетел откако Лос Анџелес Клиперс го елиминираше Сан Антонио во седум натпревари.


Клиперси во решавачкиот седми натпревар со поените на Крис Пол на една секунда од крајот го совладаа шампионот со 111-109.


За тимот од Лос Анџелес пласманот во конференциското финале е четврто во својата историја, а ќе се сретне со тимот на Хјустон Рокетс.

Во останатите мечеви од конференциските финалиња ќе се сретнат Голден Стејт – Мемфис, Атланта – Вашингтон и Кливленд – Чикаго.

Мх.П.