Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се изборија за седми натпревар во плеј-оф серијата совладувајќи го Сан Антонио во шестиот дуел со 102-96.
Шампионот ја имаше „првата меч топка“, но не ја искористи и во „мајсторката“ двете екипи немаат повеќе право на грешка.
Во шестиот натпревар Чикаго Булс го завери пласманот во следната фаза забележувајќи ја четвртата победа во серијата со Милвоки 120-66.
Двојки :
Исток : Вашингтпон – Атланта/Брукли (3-2), Чикаго – Кливленд
Запад : Голден Стејт – Мемфис, Хјустон – ЛА Клиперс/Сан Антонио (3-3).
Мх.П.