Кошаркарите на Кливленд го вратија водството во финалето на Истокот (3-2) откако во петтиот меч со убедливи 116-78 го совлада Торонто.


Со овој триумф Леброн Џејмс и дружината стигнаа на една победа од пласман во големото финале во НБА лигата.

Победникот во петтиот натпревар беше решен уште во првата четвртина која Кливленд ја доби со 16 поени разлика 37-19. Втората, „коњаницата“ ја доби со 13 поени предност за плус 29 по првото полувреме.

Домаќините и третиот период го добија додека гостите воспоставија некој си баланс во последниот квартал и избегнаа уште поголем пораз во петтиот натпревар.

 
Кевин Лав со 25 поени беше најпрецизен кај Кливленд, а идентични 23 кошеви постигнаа Леброн Џејмс и Кајл Ирвинг.

Во гостинскиот состав Де Розан и Лоури реализираа 14 односно 13 кошеви премалку да се направи нешто повеќе во Кливленд.

OhridNews