Кошаркарите на Кливленд го чекираа билетот за финалето на истокот, откако во четири мечеви го елиминираа фаворизираниот состав на Торонто.

„Коњаницата“, до четвртиот триумф вреден финале стигна на доминантен и убедлив начин на домашен терен победувајќи со 128-93. Леброн Џејмс одново имаше важна улога во победата постигнувајќи 29 поени, надополнети со 11 асистенции и 8 скокови. Кевин Лав со 23 поени беше втор стрелец во тимот на Кливленд.

Екипата на Филаделфија во четвртиот меч успеа да ја забележи првата победа со Бостон и да ја намали негативата на 3-1. „Сиксерси“ славеа со 103-92 и серијата ја одведоа во пет натпревари.

Резултати: Филаделфија – Бостон 103-92 (1-3), Кливленд – Торонто 128-93 (4-0).

OhridNews