Кошаркарите на Кливленд први обезбедија пласман во финалето на источната конференција елиминирајќи го Торонто во четири натпревари (4-0). Решавачката победа „коњаницата“ ја забележа на гостински терен победувајќи ги „рептилите“ со 109-102.
Кливленд на стартот од мечот имаше негатива од десет поени, а до крајот на вториот дел успеа комплетно да го преземе водството. Торонто го доби третиот период и се врати во игра, но гостинските кошаркари не дозволија нов пресврт со што ја заверија победата и пласманот понатаму.
Најпрецизен во составот на Кливленд беше Леброн Џејмс со 35 поени, 27 реализираше Кајри Ирвинг, а двоцифрен учинок имаа уште Корвер (18) и Фрај (10). Кај тимот на Торонто 23 поени постигна Ибака.
Резултати: Вашингтон – Бостон 121-102 (2-2), Хјустон – Сан Антонио 125-104 (2-2), Торонто – Кливленд 102-109 (0-4).
OhridNews