Кошаркарите на Кливленд се наоѓаат на половина пат од финалето во НБА лигата, откако во вториот натпревар во финалето на истокот го декласираа Бостон (130-86) и поведоа со 2-0 во серијата подобар до четири победи.

„Коњаницата“ одигра прво полувреме за паметење против „детелините“ во „Гарден“ арената. Леброн Џејмс и дружината постигнаа 72 поени, а примија 31 за најголемо водство од 41 поен на полувреме во една финална серија во НБА лигата.

Првата петорка на Кливленд постигна исто поени колку целата екипа на Бостон. Нападот на „коњаницата“ го предводеше Џејмс со 30 поени, Кајри Ирвинг уфрли 23, а Кевин Лав 21, додека со двоцифрен учинок заврши уште Ричард Џеферсон кој реализираше 10 поени. Во тимот на Бостон Џејмс Браун постигна 19 поени.

Третиот меч се игра недела кон понеделник, а домаќин ќе биде составот на Кливленд. 

OhridNews