Екипите на Кливленд и Сан Антонио ја дуплираа предноста во првата рунда од плејофот (2-0) победувајќи ги Индијана (117-111) односно Мемфис (96-82) во вторите мечеви на домашен терен.


Актуелниот шампион до триумф го предводеше триото Ирвинг, Лав и Џејмс кое искомбинира 89 поени, додека кај „пејсерси“ расположени за игра беа Џорџ (32 поени) и Тиг (23 поени).

Кошаркарите на Сан Антониот со препознатливиот рецепт добра одбрана одново го надиграа тимот на Мемфис кој постигна само 82 поени. Леонард во Сан Антонио уфрли 37 поени, а кај „гризлите“ Конли запиша 24 кошеви.


Резултати: Кливленд – Индијана 117-111 (2-0), Сан Антонио – Мемфис 96-82 (2-0).

OhridNews