Екипите на Кливленд и Сан Антонио ја зголемија предноста на 3-0 со Детроит односно Мемфис победувајќи ги во третиот натпревар од сериите подобар до четири.
Триото на Кливленд, Кајрл Ирвинг, Леброн Џејмс и Кевин Лов со вкупно 66 поени го предводеше тимот на Кливленд од трета победа 101-91 над Детроит.
„Мамузите“ со препознатливата одбрана го неутрализираа противник и го спуштија на 86 поени, а со рутински поени во нападот стигнаа на чекор од пласман во следната рунда.
Резултати: Детроит – Кливленд 91-101 (0-3), Бостон – Атланта 111-103 (2-1), Мемфис – Сан Антонио 86-97 (0-3).
OhridNews