Кливленд и Сан Антонио се првите екипи во плејофот од НБА лигата кои обезбедија пласман во следната фаза елиминирајќи своите противници Детроит односно Мемфис во четири мечеви.


Во четвртиот мече Кливленд со тесни 100-98 го совлада Детроиот кој во минатите три мечеви не беше ни блиску до победа над тимот предводен од Леброн Џејмс.


Дека „мамузите“ во плејофот ја играат најдобрата кошарка покажаа во серијата со Мемфис која ја добија по четири мечеви. Сан Антонио последниот меч го добија со убедливи 116-95.


Резултати: Бостон – Атланта 104-95 (2-2), Детроит – Кливленд 98-100 (0-4), Хјустон – Голден Стејт 94-121 (1-3), Мемфис – Сан Антонио 95-116 (0-4).

OhridNews