Кошаркарите на Кливленд изедначија во серијата со Индијана (2-2), откако победија во четвртиот меч со 104-100 кој се одигра синоќа на теренот „пејсерси“.

„Коњаницата“ со триумфот во четвртиот меч го врати „брејкот“ на Индијана и на во петтиот меч на домашен ќе брка прва предност во серијата. Нов маестрален во победата одигра Леброн Џејмс кој уфрли 32 поени, на 18 застана Кајл Корвер, додека 12 уфрли ЏР Смит. Кај домаќините Домантас Сабонис беше најпрецизен со 19 кошеви.

Егал 2-2 во серијата обезбеди и Вашингтон кој со 106-98 славеше против Торонто, додека Сан Антонио ја намали негативата на 3-1 во дуелот со Голден Стејт.

Резултати: Сан Антонио – Голден Стејт 103-90 (1-3), Вашингтон – Торонто 106-98 (2-2), Индијана – Кливленд 100-104 (2-2).

OhridNews