Кошаркарите на Кливленд обезбедија пласман во финалето на Источната конференција елиминирајќи го тимот на Атланта во полуфиналната серија со „чисти“ 4-0.


„Коњаницата“ до четвртиот триумф вреден пласман во финалната серија стигна благодарание на минималната победа (100-99) на теренот од „јастребите“.

Човек на одлука беше Леброн Џејмс кој со два поени на 30 секунди до крај погоди за (100-97), а потоа одигра добра одбрана во последниот напад.

Сепак, приматот најдобар стрелец во победничкиот состав му припадна на Кевин Лав кој реализираше 27 поени. Џејмс постигна 21 кош исто колку и Кајл Ирвинг.


Противник на Кливленд во финалето од Источна конференција ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Торонто и Мајами каде резултатот моментално е 2-1.

Резултати: Кливленд – Атланта 100-99 (4-0), Оклахома – Сан Антонио 111-97 (2-2).

OhridNews