Составот на Кливленд ја дуплираше предноста (2-0) во финалната серија на Истокот победувајќи го Торонто во вториот меч со убедливи 108-89.
Со двете победи во исто толку натпревари „коњаницата“ максимално ја искористи предноста на домашен терен и зачекори кон финалето во НБА лигата.
Предводникот на Кливленд во вториот меч беше Леброн Џејмс кој зад своето име запиша трипл-дабл учинок (23 поени, 11 скокови и 11 асистенции).
Сепак, најпрецизен во победничкиот состав беше Кајри Ирвинг кој постигна вкупни 26 кошеви, а солиден натпревар одигра и Кевин Лов со 19 поени.
Кај „рептилите“ пет кошаркари имаа двоцифрен учинок, но само ДеРозан со 22 кошеви се издвои од остатокот од екипата.
Серијата во финалето на Истокот се сели во Торонто каде што домаќинот нема право на грешка.
Мх.П.