Екипата на Кливленд ја спаси првата меч топка на Голден Стејт во финалето, откако победи на четвртиот меч со 137-116 и намали на 3-1 во серијата. 

„Коњаницата“ одигра перфектен натпревар контролирајќи констатно водството на семафорот. Двоцифрената предноста која обезбеди по првата четвртина домашните кошаркари ја задржаа и ја преточија во убедлив триумф.

Во тимот на Кливленд најпрецизен со 40 кошеви беше Кајри Ирвинг, додека Леброн Џејмс постигна 31, но додаде уште 11 асистенции и 10 скокови. Кај „воините“ своја вечер имаше Кевин Дурант постигнувајќи 35 поени, но немаше никаква поддршка од Кари (14п.) и Томпсон кој реализираше скромни 13 кошеви.

Петтиот меч од серијата се игра на теренот од Голден Стејт, а „воините“ ќе имаат втора меч за топка за титула во НБА лигата. 

OhridNews