Кошаркарите на Кливленд обезбедија пласман во полуфиналето на источната конференција победувајќи ја Индијана со 105-101 во седмиот меч од серијата.
„Коњаницата“ до триумф ја предводеше Леброн Џејмс кој повторно се надмина себеси. Џејмс уфрли 45 поени, а додаде уште 9 скокови и 7 асистенции. Поддршка овој пат Џемјс доби од Тристан Томсон (15 поени) односно Кевин Лав кој реализираше 14 кошеви.
Во полуфиналето од западната конференција Хјустон поведе со 1-0, откако во првиот меч со Јута славеше на гостински терен со 110-96.
Резултати: Кливленд – Индијана 105-101 (4-3), Јута – Хјустон 96-110 (0-1).
OhridNews