Кошаркарите на Кливленд и Голден Стејт втора година по ред ќе ги одмерат силите во големото финале во НБА лигата.
„Коњаницата“ за пласман во финалето го елиминираше составот на Бостон со 4-1. Актуелниот шампион решавачката победа во финалната серија на истокот ја забележа на теренот од противникот со 135-102.
Леброн Џејмс со 35-те постигнати поени го предводеше тимот до победата, а го мина и легендарниот Мајкл Џордан по вкупниот број на постигнати поени во плејоф мечевите.
Финалната серија започнува на 2 јуни на теренот од Голден Стејт.
OhridNews