Кливленд и Сан Антонио имаа различен почеток на четвртфиналните серии, откако „коњаницата“ забележа победа против Торонто (116-105), а „мамузите“ претрпа убедлив пораз од Хјустон (126-99).
Актуелниот шампион во НБА лигата, Кливленд предводен од Џејмс и Ирвинг кои искомбинираа (60 поени) лесно се справи со „рептилите“. Домаќините во трите четвртини создадоа предност од 20 кошеви која на крајот се покажа доволна за победа.
За изненадување во вечерта се погрижи Хјустон кој неочекувано убедливо славеше против тимот со најдобра одбрана, Сан Антонио. „Мамузите“ натпревар го загубија во првиот дел после кој имаа 30 поени негатива.
Резултати: Кливленд – Торонто 116-105 (1-0), Сан Антонио – Хјустон 99-126 (0-1).
OhridNews