Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант на мечот со Минесота го помина Мајкл Џордан во вкупниот број на постигнати поени и испиша нов лист во НБА лигата.


„Црната мамба“ со 26-те поени против „волците“ стигна до 32 310 кошеви и има осум повеќе од својот идол Џордан, кој поените ги постигна во 1.039 средби додека Брајант 1269 мечеви.


Лидерот на „езерџиите“ изби на третата позиција на вечната листа и пред него сега се Карл Мелоун (36.928 поени) и Карим Абдул Џабар 38.387 поени.


Шлагот на тортата беше победата на лејкерси и овациите од публиката во Минесота, која го поздрави импозатното достигнување на Брајант.

Мх.П.