Екипата на Бостон ќе биде предизвикувачот на Кливленд во финалето на источната конференција, откако „детелините“ во седмиот натпревар во серијата со Вашингтон ја забележаа потребната четврта победа (115-105).
Домашните кошаркари клучната предност ја остварија во третата четвртина која ја добија со плус осум поени. Во последната четвртина „детелините“ ја задржаа предноста и закажаа финалната серија со „коњаницата“.
Ајзеа Томас со 29 поени и 12 асистенции беше најпрецизен во составот на Бостон, а одличен учинок имаше и Олиник кој уфрли 26 кошеви. Во тимот на Вашингтон најефикасен беше Бил со 38 кошеви.
OhridNews